Vardar-Flensburg 1 (1.9)
Вечерва во Скопје во салата Борис Трајковски се игра реванш натреварот во рамките на ракометната Лига на Шампиони помеѓу Вардар и Фленсбург.Според нас во овој двобој би требало да триумфираат ракометарите на Вардар,кој бркаат два гола разлика.
Екипата на Вардар во осминафиналето го елиминираше минатогодишниот шампион Хамбург.
Од друга страна Фленсбург во осминафиналето ја совладаа екипата на Целје.
Останува вечерва да видиме дали Вардар ќе успее да направи историски подвиг во македонскиот машки ракомет и ќе се пласира во фајнал форот.
Manchester Utd.-Norwich 1 (1.4)
Денес се игра 36-то коло од англиската Премиер лига,а наш избор е натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Норвич и типуваме на домаќинот.
Екипата на Манчестер по отказот на нивниот стратег Дејвид Мојс,на клупата го имаат легендарниот Рајан Гигс и на неговото деби сите очекуваат триумф и можеби и пласман во Лига Европа.На последните 5 натпревари имаат три победи (Њукасл 0:4,Астон Вила 4:1,Вест Хем 0:2) и два порази (Евертон 2:0,Манчестер Сити 0:3).
Од друга страна екипата на Норвич се наоѓа на 17-та позиција и игра за опстанок,а на последните 5 натпревари имаат една победа против екипата на Сандерленд со 2:0 и четири порази во низа (Ливерпул 2:3,Фулам 1:0,ВБА 0:1,Свонси 3:0).
И традицијата е на страна на домаќинот кој на последните 8 меѓусебни натпревари со Норвич имаат 6 победи и два порази.
Wolfsburg-Freiburg 1 (1.45)
Попладнево во германската Бундес лига се игра 32-то коло,а наш избор е натпреварот помеѓу Волфсбург и Фрајбург и типуваме на домаќинот.
Волфсбург се наоѓа на 5-та позиција со еден бод негатива во однос на четвртиот Леверкузен (Место кое води во квалификациите за Лигата на Шампиони),а на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Хамбургер 1:3,Нинберг 4:1,Франкфурт 2:1,Бремен 1:3) и пораз од екипата на Дортмунд со 2:1.
Од друга страна пак екипата на Фрајбург се наоѓа на 14-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Менхенгладбах 4:2,Брауншваиг 2:0,Нинберг 3:2),еден нерешен натпревар со екипата на Хамбургер со 1:1 и пораз од екипата на Штутгард со 2:0.
Според традицијата овие две екипи се изедначени и на последните 13 натпревари имаат по 6 победи и еден нерешен натпревар.
Ohridnews