Atl. Madrid-Barcelona 2 (2.25)

Вечерва продолжуваат натпреварите во Лигата на Шампиони каде Реал и Челзи ги чекаат своите противници за полуфиналето,а играат Атлетико Мадрид-Барселона и Баерн Минхен-Манчестер Јунајтед.

Атлетико на последниот натпревар одигран на Ноу Камп изигра нерешено и е во подобра позиција,затоа што и со 0:0 одат понатаму.Но имаат голем хендикеп,а тоа е низвесноста за настап на нивните најдобри поединци Диего Коста и Арда Туран.

Од друга страна Барселона мора да нападне ако сака пласман понатаму,а за разлика од нивниот противник тие пак имаат проблем во одбраната играат без Пике,Пујол и Виктор Валдес.

И традицијата е на страна на Барселона која на последните 25 натпревари имаат 13 победи,6 нерешени натпревари и 6 порази.

Повредени играчи на Атлетико Мадрид:Арда Туран,Диего Коста. Повредени играчи на Барселона:Дос Сантош,Исак Куенка,Пике,Виктор Валдес,Пујол.

Bayern München-Manchester Utd. 1 и 3+ (1.7) или за похрабрите 1-1 и 3 + (2.15)

Другиот натпревар е Баерн Минхен-Манчестер Јунајтед,а типуваме на домаќинот и 3 или повеќе голови. Баерн Минхен на првиот натпревар изигра 1:1 со екипата на Јунајтед и е во подобра позиција,но не веруваме дека денес ќе остават се на случајност и очекуваме брз динамичен фудбал и многу голови.Баерн ќе има мал проблем на средината со неиграњето на Бастијан Швајнштајгер,но тоа е се.

Од друга страна пак екипата на Јунајтед не е за потценување и во моментов е во подем,но Дејвид Мојс има голем проблем со повредените играчи како Ван Перси,Руни,Рафаел,Еванс,тоа се всушност и голем дел на првотимци кои ја држат играта на Јунајтед.

И традицијата е на страна на Баерн која на последните 5 меѓусебни дуели со екипата на Јунајтед имаат 3 победи,еден нерешен натпревар и еден пораз,а давале по 3.2 голови по натпревар,додека Јунајтед давале по 2.6 голови по натпревар.

Повредени и суспендирани играчи на Баерн Минхен : Хави Мартинез, Швајнштајгер, Контенто, Ридер, Шакири, Старк, Тиаго Алкантара. Повредени играчи на Манчестер Јунајтед : Ван Перси ,Гигс, Еванс, Рафаел, Руни, Јанг.