Parma-Genoa 1 (1.7)
Попладнево продолжуваат натпреварите од 29-то коло во Серија А.Нашиот избор е екипата на Парма која е во огромна форма.
Парма се наоѓа на 6-та позиција со само бод негатива од екипата на Интер и на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Милан 2:4,Верона 2:0,Сасуоло 0:1,Аталанта 0:4) и еден нерешен натпревар со екипата на Фиорентина со резултат 2:2.
Од друга страна екипата на Џенова се наоѓа на 12-та позиција и веќе избори опстанок,а на последните 5 натпревари имаат една победа против Катанија со 2:0,два нерешени натпревари (Наполи 1:1,Удинезе 3:3) и два порази (последните два натпревари)(Јувентус 0:1,Киево 2:1).
Традицијата пак ни го кажува спротивното.Имено екипата на Џенова има 4 победи,5 нерешени натпревари и 2 порази против екипата на Парма.
Останува да видиме дали Парма ќе го подобри скорот против Џенова и ќе се доближи до Лига Европа.
Inter-Atalanta 1 (1.55)
Друг интересен натпревар за типување од италјанската Серија А е натпреварот Интер-Аталанта.Според нас и тука би требало домаќините да триумфираат.
Интер се наоѓа на 5-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Верона 0:2,Торино 1:0,Фиорентина 1:2) и 2 нерешени натпревари (Рома 0:0,Каљари 1:1).
Од друга страна пак Аталанта се наоѓа на 10-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Сампдорија 3:0,Лацио 0:1,Киево 2:1),еден нерешен натпревар со екипата на Удинезе со резултат 1:1 и еден порази од Парма со 0:4.
И традицијата е на страна на екипата на Интер која против Аталанта досега има 9 победи,5 нерешени натпревари и 3 порази.
Metalurg Skopje-Kolding 1 (1.7)
Попладнево во 16.55 во рамките на Лигата на Шампиони во ракомет играат Металург и Колдинг.Во овој дуел би тебало домаќинот да издвојува победа.
Екипата на Металург играше во групата Ц и заврши на третата позиција веднаш зад Барселона и ПСЖ,а оставајќи ги зад себе градскиот ривал Вардар и екипите на Динамо Минск и Тун.
Од друга страна пак Колдинг играа во групата Б и завршија како втори веднаш зад екипата на Кил,а ги оставија зад себе Киелце,Висла,Порто и Данкерк.
Денес очекуваме со подршка на публиката нов триумф на Металург и подобра гол разлика во пресрет на реваншниот дуел.
Ohridnews