Вечерва во 22 часот на програмата на Primera Division се игра последниот натпревар на лигата помеѓу екипите на Real Sociedad и Elche.
Екипата на Real Sociedad во моментов е во подобра форма и во последните 6 натпревари има 3 победи 2 нерешени и само еден пораз од екипата на Villarreal.
Додека пак екипата на Elche има 1 победа, 1 нерешен натпревар и 4 порази.
Од друга страна според традиција во последните 7 меѓусебни натпревари овие два тима имат 3 нерешени и по две победи.
Додуша екипата на Elche е без пораз на последните два натпревари, во кои има победа против Rayo Vallecano и нерешено со екипата на Sevilla. Но, како и да е, Real Sociedad се бори за влез во Европа следната сезона и не би требало да направи кикс против Elche кој се бори за опстанок во лигата.
OhridNews