За освојувањето на трофејот во Купот на Македонија, кој се играше во Охрид, тренерот на Зоран Мартич доби нов договор, кој е во важност до јуни 2015 година.
Словенскиот стратег на кормилото од МЗТ пристигна на почетокот од декември и веднаш внесе победнички дух во екипата и управата реши да го задржи уште една сезона.
Тој ги предводеше „металците“ на девет натпревари во АБА лигата и забележа пет победи, а синоќа во финалето од Купот на клубот од Аеродром му ја донесе седмата титулата во историјата.
Мх.П.