Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, заедно со Бугарката Александрина Најденова, ја освои титулата во двојки на ИТФ фјучерс турнирот во Кјасо, Швајцарија.
Горческа и Најденова, во саботата, по голема борба славеа против четвртите носителки Крамперова од Чешка и Ван дер Хук од Холандија со 2:1 (7:5, 2:6, 10:7).
Титулата во Кјасо е втора за Ѓорческа од почетокот на годината во игра на двојки на ИТФ тиурнирите.
Наградниот фонд на турнирот во Кјасо изнесува 25.000 долари.
„Макфакс“
OhridNews