Изјави на воодушевување и честитки до сите фанови ширум светот пратија фудбалерите на Реал кои на клубот му ја донесоа десетата титула во историјата.

„Голот не е само мој. Тој е плод на целата енергија, желба, страст која сите „мадридисти“ ја имаа за освојување на десеттата европска круна. Го посветувам на моето семејство, но и на целото наше огромно семејство во светот кое навива за Реал Мадрид. Заслуживме да ја освоиме оваа шампионска титула, се боревме до последен момент, не се откажавме и сега допрва ќе славиме“ – рече Рамос.

„Конечно ќе заминеме на плоштадот на прослава на десеттата европска круна. Пресреќен сум, немам зборови да опишам како се чувствувам додека ја гледам радоста на лицата на фудбалерите, луѓето од клубот, навивачите…Ова е огромна радост што ние апсолутно ја заслуживме со играта сезонава. Не беше лесно, до самиот финиш се чинеше дека ќе загубиме, но уште еднаш покажавме дека знаеме како да се бориме, да се жртвуваме, да дадеме се од себе за доброто на тимот. Го оставивме срцето на терен и им донесовме огромна радост на фановите, горд сум поради тоа“ – изјави Марсело.

„Уживање е да се освои трофејот што отсекогаш сум го сонувал. Среќен сум за себе, за тимот, за навивачите… се жртвувавме во текот на целата година и ова е нашата награда. Овие денови се чуствував како дома, постигнав многу работи во дресот на Бенфика, ми беше чест да се вратам на овој стадион и да остварам нов успех во својата кариера“ – потенцираше Ди Марија.

„За мене мојата цена не ми значи ништо, дури и да дојдев да играм тука за пени, ова е за тоа за што дојдов во Реал Мадрид, да играм на големи натпревари. Ова е она што секој фудбалер го сонува, да ја освои Лигата на шампионите, нема поголем успех во клупскиот фудбал. Неверојатно е чувството, не може да се опише со зборови и ќе го памтам целиот живот“ – истакна Герет Бејл.