Титулата од шпанскиот Супер куп замина во витрините од Атлетик Билбао. „Баскијците“ во големото финале кое се одигра на „Санчез Писхуан“ стадионот во Севиља ја совладаа Барселона со 3-2, после дополнителни 30 минути, откако регуларниот дел заврши 2-2.

Каталонците беа блиску до победа и освојување на трофејот во Супер купот во регуларниот тек од натпреварот, затоа што Атлетик Билбао со гол во 90-та минута обезбеди егал 2-2 и продолжение. Стрелец на головите за Барселона беше Ентони Гризман, а за „баскијците“ реализираа Оскар де Маркос и Азиер Вилалибре.

Одлуката за победникот во Супер купот падна уште во третата минута од продолжението. Инаки Вилијамс со фантастичен погодок ја затресе мрежата на Андре тер Штеген и донесе водство 3-2. Немоќта на Барселона да го изедначи резултатот ја демонстрираше Лионел Меси, кој пред крајот со бокс удри противнички играч. После прегледување на снимката Меси поцрвена.

За Атлетик Билбао ова беше втора титула од шпанскиот Супер куп. Првата ја има освоено во далечната 1984 година.

OhridNews