Титулата во Премиер лигата остана во Манчестер, но овој пат ќе го краси синиот дел градот, а не црвениот како што беше минатата сезона.
Во последниот натпревар „граѓаните“ не дозволија изненадување и на „Етихад“ со 2-0 го совладаа Вест Хем. Единствениот конкурент на Манчестер Сити, Ливерпул забележа пирова победа на „Енфилд“ против Њукасл 2-1.
За тимот на Манчестер Сити ова е петта титула во најсилната англиска лига, а најтрофејен е нивниот градски ривал Манчестер Јунајтед со 20-ет титули.
Новиот првак заедно со Ливерпул, Челси и Арсенал ќе играат во Лигата на Шампиони додека во Лигата на Европа ќе настапува Евертон. Од лигата претходно испаднаа Норвич, Фулам и Кардиф.
Минатогодишниот шампион Манчестер Јунајтед заврши на седмата позиција и не обезбеди пласман во ниту едно натпреварување со европски карактер.
Резултати : Кардиф – Челси 1-2, Фулам – Кристал Палас 2-2, Хул – Евертон 0-2, Ливерпул – Њукасл 2-1, Мен Сити – Вест Хем 2-0, Норвич – Арсенал 0-2, С`тон – Мен Ју 1-1, Сандерленд – Свонси 1-3, Тотенхем – Астон Вила 3-0, ВБА – Стоук 1-3.
Мх.П.