Зимскиот преодон рок во светскиот фудбал помина мирно во спротивно од минатата година каде имаше “бомбастични“ трансфери. Најактивен беше лидерот во француската лига, ПСЖ кој во своите редови ги донесе стоперот од Челси, Алекс, Тиаго Мота и левиот бек на Барселона, Максвел.


Трансфер период во Премиер Лигата помина релативно “ефтино“, КПР трошеше најмногу доведувајќи ги Џибрил Сисе од Лацио и повремениот репрезентативец на Англија, Боби Замора. Тотенхем се ослободи од вишокот фудбалери, Чорлука го испрати во Леверкузен, Стивен Пиенар го врати во Евертон додека Павлученко замина во родната земја, Русија во екипата на Локомотив Москва.


Во Италија и Германија, водечките екипи не беа заинтерасирани за купување на нови фудбалери. Јувентус ги ангажираше Марко Бориело, Мартин Касерес и Пасквата. Милан беше поскромен ги доведе Макси Лопез, Роџа и Мунтари и Месба. Актуелниот првак во Серија А, своите редови ги засили со Паломбо, Гуарин и Хуан.

Мх.П.