Секторот за Туризам и локален економски развој и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството при општина Охрид, информираат дека Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ја донело Програмата за субвенционирање за 2014, во која се пропишани законски рокови за исплата на субвенциите за тековната година.
„Согласно законската регулатива и правилата пропишани во законот, програмата и уредбата, ги потсетуваме сите заинтересирани физички и правни лица да извршат увид на нивните обврски кон Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, водостопанските претпријатија и Јавното претпријатие за пасишта.“ – велат од Секторот ТЛЕР.
Оттаму информираат дека за да може да се оствари правото за добивање на субвенции од програмата за 2014 година, потребно е навремено да се подмират долговите кон овие институции за 2013.
За подетални информации, заинтересираните можат да се обратат во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Канцеларијата за стручна поддршка за развој на земјоделството при Секторот ТЛЕР, или пак на телефонскиот број 046/230175.
OhridNews