Приватните станоиздавачи , на кои им е истечен рокот од три години, ќе мора да ги  продолжат решенијата  за регистрација и категоризација.

– Доколку не го сторат тоа до крајот на октомври,  ќе се соочат со плаќање казни предвидени со законските прописи, предупредуваат од Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид.

Доколу не ги продолжат решенијата за регистрација и категоризација , приватните станоиздавачи ќе се третираат како нелегални. За пререгистрација , по завршувањето на рокот , наместо по 50 денари , како што е сега , ќе мора да ги сносат и трошоците за излегување на терен на комисиите за категоризација , кои досега беа на товар на Општина Охрид.

OhridNews