Интернет страната нa проектот „Духот на Охрид“ не е згасната тврди раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој. Тој објаснува дека завршилл договорот на хостирање на официјалниот веб сајт на проектот, но дека истиот е достапен на официјалната веб страна на секторот, како сервисна информација.

Во текот на имплеметацијата, Проектот имаше договор со американски сервер за хостиранје на веб страната. Со официјалното завршување на проектот обврската за одржуванје и хостирање ја презеде Општина Охрид
преку секторот ТЛЕР и веќе подолго време е поставена и можете слободно да ја посетите на  “www.ohridler.gov.mk“, вели раководителот на ТЛЕР, Гоце Симоноски .

Посочената страна од страна на раководителот на ТЛЕР не е целосно во функција. На неа стои соопштение дека истата е во доработка и наскоро ќе биде достапна целосно за читателите, па поради тоа во моментов содржините на неа не можат да се разгледаат целосно.


Веб страната е во изработка

Симоноски во писмената реакција потврдува дека новата веб страна се подготвува и како што вели ќе биде во функција на промоцијата на туризмот,  локалниот економски развој на опстината и транспарентната  и непосредна соработка со граганите. „Секторот ТЛЕР продолзува со хостиранје и надополнуванје на истата а за  скоро време ке биде линкована на повеке светски сервери“, вели Симоноски.Истата страна ќе биде и пилот модел за функциониранје на електронска општина, додава Симоноски.

Проектот „Духот на Охрид“ беше финансиран од КАРДС програмата на Европската унија.

Ohridnews