Секторот за туризам и локален економски развој започна со дистрибуција на информативен материјал, односно три различни информативни летоци од кои првиот се однесува на туристите и посетителите, вториот леток содржи информации за станоиздавачите и гостите во приватното сместување , нивните права и обврски и леток кој се однесува исклучиво за странските гости кои се сместени на Охридското крајбрежје.
Секој од овие три летоци е отпечатен двострано и двојазично на македонкси и англиски јазик.
Од ТЛЕР информираат дека дистрибуцијата на материјалите ќе се врши континуирано и преку предвидени активности, со цел воведување на поголем ред во туристичката дејност, пред се во интерес на туристички развој на Охрид.











