По серијата земјотреси што се случија во охридскиот регион изминатите неколку седмици, тлото посетпено се смирува. Викендов регистриран е еден земјотрес што се случил утрово во 6.02 часот со епицентар на 10 километри од Ресен, на длабочина од 2 километри.
Вчера во Македонија, во 12.44 часот беше регистриран земјотрес со јачина од 3 степени со епицентар на 7 километри од скопски Сарај. Потресот беше почувствуван од жителите на Скопје и околината.
OhridNews












