По серијата земјотреси, тлото во Охрид и околината постепено се смирува. Денес се регистрирани само два слаби потреси од 2.4 и 2.3 степени во 1.18 и 3.40 часот. Релативно мирен беше и вчерашниот ден, кога освен четирите умерени земјотреси во раните утрински часови, немаше други потреси.
Тоа го потврдува изнесеното од страна на стручните лица дека по силните земјотреси што се случија минатата недела, потребно е време да дојде до постепено смирување на тлото.
OhridNews












