Земјотрес со јачина од 4.5 степени според Рихтрер, бил регистриран синоќа во 1.18 часот во Албанија. Епицентарот на потресот бил 22 километри западно од главниот град Тирана.

Во текот на изминатата ноќ во Албанија биле почувствувани серија послаби земјотреси со јачина oд 3.1 до 3.5 степени, чиј епицентар е во Јадранското море.

Изминатиот ноември албанскиот град Драч и околината ги погоди силен земјотрес од со јачина од 6.4 степени во кој загинаа над 50 луѓе, а над илјада се повредени. Во земјотресот, кој силно беше почувствуван и во Охрид,  урнати и оштетени се многу објекти и предизвикана е гоелма материјална штета.

OhridNews