Во месечниот извештај за февруари 2013-та година, невладината „Транспарентност Македонија“ констатира дека земјава се уште не е зрела за спроведува на фер и демократки избори.

За два дена политичките партии треба да ги поднесат првите извештаи до институциите во кои се наведени изворите за финансирање на кампањата. „Транспарентност“ смета дека овие извештаи како и целосните по заврување на изборите не се веродостојни. Токму затоа ја повикуваат Државната комисија за спречување корупција, да се произнесе и да ги осуди прекршувањата.
Од друга страна, владеачката ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со реакција до „Транспарентност Македонија“, обвинувајќи дека оваа организација е управувана од партиското раководство на СДСМ.
OhridNews












