Како што истакна претседателот, Сашо Точков, годината која изминува ја карактеризираа бројни предизвици, на кои вработените и волонтерите подготвено одговорија.
– Задоволни сме од она што го направивме. Голем успех претставуваат и извршените кадровски промени, младата структура која во иднина ќе може да се справи со многу предизвици. Започнавме голем број проекти, дел од нив ги реализиравме, а дел ќе продолжат наредната година, истакна Точков.