Тодор Петров претседателот на Светскиот македонски конгрес бил претепан по свеченоста за осветување на темелите на 51-матарскот крст, кој ќе биде поставен во општина Бутел, објави „Телма“. Петров бил физички нападнат од страна на непознати лица, откако завршил неговиот говор пред присутините.

Во моментов тој се наоѓа на Ургентен центар каде му се вршат компјутерски иследувања, по кои ќе се направи проценка за дали ќе биде задржен на понатамошно болничко лекување. Од МВР соопштија дека за подоцна ќе излезат со детали за овој настан.

Инаку како што претходо објави телевизијата, во општина Бутел пред осветенувањето на темелите на крстот што ќе се гради крстосницата помеѓу улиците „Боца Иванова“ и „Александар Урдаревски“, претпладнево било забележлано зголемено присуство на полицијата. Полициски сили биле распоредени на пристапните сообраќајници околу локацијата и го пренасочувале сообраќајот.

Претходно, симпатизери на ДУИ за денеска најавија протест поради изградбата на крстот. Советниците на ДУИ во општина Бутел вчера на прес-конференција истакнаа дека одлуката на Советот на општината за изградба на крст е „нелегалната и провокативна“.

Крстот е реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте свети апостоли. На крстот ќе биде изведена инсталација за енергетска самоодржливост, а местото околу крстот ќе биде хортикултурно уредено. Крстот треба да биде изграден најдоцна за два месеца. Изработката на проектната документација, како и трошоците за поставување и изведување на крстот е донација од правни и физички лица. Воопшто не се користат буџетски средства од општината, Градот или Републиката. По изградбата, крстот ќе биде предаден во сопственост на општината Бутел.

Инцијативата за изградба на крстот е поднесена од Светскиот македонски конгрес на 18-ти февруари 2016 година до Советот и градоначалникот на Општина Бутел. Советот ја донесе одлуката на 23-ти февруари, а градоначалникот го издаде одобрението за градба на 25 февруари.

OhridNews
Извор:„Телма“