Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, најави дека четириесетина селски училишта ќе бидат затворени, а уште толку ќе се уриваат.
 
Оваа одлука е донесена согласно изработената студија со која се скенирала состојбата во која се наоѓаат 108 училишта во руралните средини. Таа е подготвена, а Министерството моментално ја разгледува опцијата што понатаму со овие училишта. – Ја добивме студијата. Според неа, 44 училишта би требало да се урнат, 24 ќе се реконструираат, а 40 ќе се затворат бидејќи нема оправданост веќе да функционираат оти во нив учат по три или пет ученици“, вели министерот.

OhridNews