Не сум размислувал за било какви кадровски промени во Општата болница. Ако тоа се прави треба да е врз серизони анализи.Она што ќе следува е претставувањето на индикаторите за успешност на менаџерите, кои ќе бидат составен дел на сите менаџерски договори, изјави министерот Никола Тодоров, кој деновиве е во работна посета на Охрид.

Како што објасни министерот, станува збор за индикатори кои веќе се користат во развиените земји, а се препорачани и од страна на Светската здравствена организација. – Само ќе ги прилагодиме на нашиот систем и тие ќе бидат обврска за сите менаџери. На тој начин не само ние, туку и целата јавност ќе може да  ја оценува работата на менаџерите и квалитетот на нивната работа, рече Тодоров.

Тој додаде дека во рамки на проектот за навака на 80 амбулантни возила , дел од нив ќе бидат распределени  и за потребите на одделението за итна медицинска помош во Охрид.

– Возила ќе бидат доделени во сите градови каде има потреба. Во изминатите 15 и повеќе години не се набавени вакви возила, освен по пат на различни донации, нагласи Тодоров.

Тој додаде дека особено ќе се следи состојбата на новите набавени апарати во рамки на здравствените установи, пред се колкава и каква е нивната искористеност. Поради случаевите на нивно недоволно искористување, поради недостиг на стручен кадар, Тодоров потенцира дека за таа цел се организираат посебни обуки.

OhridNews