Реконструукцијата на охридската општа билница што ја изведува фирмата „ВИА“ од Вевчани, ќе заврши пред предвидениот рок, декември 2012, изјави министерот за здравство Никола Тодоров. Тој денеска ја посети охридската болница и се запозна со текот  на градежните работи.


-Имаше проблем со сеизмичката стабилност, за тоа не смеевме да ризикуваме. Во последно време сме сведоци на неколку земјотреси во Италија, Бугарија… Од тој аспект мора да бидеме целосно сигурни дека она што го градиме целосно е сеизмички стабилно и одговра на сите стандарди во гардежништвото. Информирам сум дека градежните работи течат забрзано и можно е објектот да биде готов и пред крајниот рок од 8 месеци, истакна Тодоров.


Министерот за здравство рече дека станува збор за капитална инвестиција која чини околу 193 милиони денари само во реконструкцијата, а со апаратите кои ќе се набават или веќе се набавени во износ од околу 70 милиони денари, инвестицијата севкупно се проценува наоколу 260 милиони денари.


Со оваа инвестиција болницата во Охрид, ќе може да биде не само регионален центар во Македонија, туку со овие стандарди, новиот објект и опрема и засилувањето со кадар кое планираме да го направиме треба да ги надмине границите да се отвори кон соседните држави особено кон Албанија, а во еден дел можеби и кон Косово. Заради што оваа болница има искусни доктори, ќе има одлична апаратура, и мислам дека тие предности како држава и како здравстевн систем треба да ги искористиме не само за подобрување на квалитетот на здравстевите услуги за македонските граѓани, што ни е врвен приоритет, туку да се отвори и пошироко да биде едно повисоко реноме и во регионот, рече Тодоров.


Директорт на општата болница во Охрид, Д-р Љубен Арнаудов изрази задоволство од текот на реконструкцијата и соработката со надлежното министерство. Тој истакна дека неработењето на одделенијата кои беа сместени во старото болничко крило не се одразилена обемот на работа, посочувајќи дека болницата од својот буџет ги покрива трошоците за персоналот и пациентите кои во меѓувреме ги опслужува струшката болница.

OhridNews