Пет веледрогерии се вмешани во две тендерски постапки, а за кои Министерството за здравство веќе доставило докази до Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Министерот за здравство Никола Тодоров вчера не откри детали, не ги соопшти имињата на веледрогериите, но посочи дека станува збор за две тендерски постапки во кои се инволвирани вкупно пет веледрогерии од кои три во една тендерска постапка, а две во другата тендерска постапка.
Тодоров рече дека до Комисијата биле поднесени и понудите со истата цена на лекот, а помеѓу доказите е и изјава на архиварот кој ги примал понудите од веледрогериите за една тендерска постапка.
Извор:Макфакс