ВМРО-ДПМНЕ нема да блокира, ни во Собранието ни надвор од него, ако СДСМ и ДУИ побараат седница на парламентот и избирање претседател на собранието, па и влада, изјави вечерва во Топ тема на Ваша страна членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

Тој на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ би го спречила тоа доколку од другите партии се побара тоа одговори дека партијата нема да го попречат тоа.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да преземе ниту еден чекор со кој што е во правец на уништување на институциите, во правец на креирање на немири или во правец на предизвикување на тензии кои што можат да завршат, со недај боже, повредени и т.н.“, изјави Тодоров за Топ тема на Ваша страна.

Тодоров на прашањето за тоа дали ќе ги повикаат граѓанските организации кои протестираат да останат смирени, да не предизвикуваат тензии и да овозможат да се одржи седницата на Собрание, рече дека ВМРО-ДПМНЕ не ги контролира тие органзиации.

„ВМРО-ДПМНЕ не ги контролира тие органзиации, не ги контролира граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ може да повикува на смиреност и ВМРО-ДПМНЕ секогаш тоа го правела“, изјави Тодоров.

OhridNews
извор: „Телма“