Во едни дијаметрално спротивни услови од оние во главниот град, актуелниот освојувач на двојната круна МЗТ Скопје во Охрид се подготвува за за предизивиците во наредната сезона.Во Охрид металците наидоа на температурно освежување и на одлични пред се климатски услови за реализација на првиот дел од подготвките за “штрковскиот лет“ во Јадранската лига.
– Основната причина поради која дојдовме во Охрид е поволната клима заедно со одличната инфраструктура за ваков тип на подоготовки, салата и терените за трчање, кои во Скопје беа неиздржливи. Овие денови ќе биде тоа еден циклус на физиичка подготовка, и почеток на тактичката подоготовка и некое вооигрување во однос на она што не очекува во престојната сезона. Во Охрид нема да има игра со топка или на два коша, каде што има контакт игра, дуел игра, се што ќе работиме ќе биде на база на физичка подготовка и воигување без дуел игра. Така што првите меѓусебни натпревари ќе дојдат во оној т.н втор дел од подготовките.
Костурот на тимот е лансиот, придодани се репрезентативците Кирил Николовски и Дамјан Стојановски, како и американскиот плеј Брендон Вуд. Ростерот на МЗТ не е се уште затворен, а Тодоров најавува ангажман на уште еден висок играч под кошевите.
– Ќе земеме уште еден странец и тоа на позиција центар, а тоа прашање ќе биде решено до крајот на Август. Помалку или повеќе Кирил Николовски го знаеме, Дамјан Стојаноски го знаеме, едниствена непознаница е можеби Брендон Вуд, но јас го имам него лично гледано така што очекувам да се вклопи брзо во новиот состав
– вели Тодоров.
МЗТ Скопје сезонава ќе биде тим-репрезентација, Тодоров на располагање ќе го има најдоброто од македонската кошарка. Покрај Николовски и Дамјан Стојаноски , тука е и младинскиот репрезентаивец Марковски.
– Тоа беше нашиот план, успеавме да доведем она што беше слободоно од македонските репрезентаибци на пазарот. Самарџиски и Антиќ имаа двегодишни договори, Илиевски беше слободен, разговаравме но доби понуда од Русија која не се одбива, Војдан Стојаноски додека ние го игравме плејофот потпиша со Доњецк, нормално желбата да се игра во Евролигата е предизвик и за него, така што тоа беа играчите од репрезнтацијата кои недостигаат, секако не рачунајќи го тука Лестер Бо Мекејлеб. – истакна Тодоров.
Настапите во Јадранската лига се предизвик за скопскиот тим, кој ќе биде прв македонски кој ќе игра со тимови од поранешната братска држава.
-Чест е што ќе бидеме прва македонска екипа која ќе игра во таа лига. Обврската е голема бидјеќи сме презентери на нашиот спорт, и заедно со РК Металург сме екипи кои ја преставуваат Македонија во тие европски натпреварувања. Во лигата не сметаат за аутсајдери, и според најавите да се бориме за опстанокот, но ние вредно работиме и на нас останува да покажеме и да докажеме дека и кај нас е игра квалитетна кошарка.- завршува Тодоров.
M.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com