Тодоровски и Штурм ја исфрлија Австрија Виена од Лигата на Европа
12.05.14 23:39
Македонскиот интернационалец Александар Тодоровски со тимот на Штурм како гостина ја совлада Австрија Виена со 2-1 и ги исфрли “виолетовите“ од местата кои водат во фудбалска Европа.
Ниту тимот на Тодоровски нема да ја види Европа откако беше елиминиран од куп натпреварувањето од второлигашот Ст. Полтен со 1-0 и испушти можност да игра во финалето на австрискиот куп против Салцбург. – Одлично одигравме денес, но штета што не успеавме вака да играме во средата против Полтен. Но тоа е фудбалот, што да се прави – беше краткиот коментар на македонскиот интернационалец.
Мечот кој се одигра во тешки услови под силен дожд беше неизвесен се до последниот судиски свиреж. Домаќините беа во пол позиција откако сами решаваа за својата судбина. Мрежите мируваа се до мин кога гостите први се радуваа на погодок.
За да биде неизвесно се погрижи Инсбрук кој направи пресврт на мечот со Гродиг и поведе со 2-1. Објавувањето на головите на мечот во Тиволи, беа френетично прославени на “Генерали Арената“. Гродиг се консолидираше поведе со 3-2 во Тиволи, и повторно сите очи се вперија на теренот во “Фаворитен“.За ново распламтување на страстите се погрижи Томаш Јун кој бо 85 минута на својот последен меч во виолетовиот дрес донесе изедначување. На домаќините им беше потребен уште еден погодок.
Но во таквата атмосфера најдобро се снајдоа гостите кои по само една минута игра повторно се вратија во водство со погодокот на Избраниците на Гагер фрлија се на една карта, и во 88 минута по играњето на рака на Хаџич во казнетиот простор беше досудена најстрога казна за Австрија.
Најстрогата казна ја изведе Грунвалд но неговиот удар заврши во пречката и спречи еуфорична радост на “виенските фанатици“. Се играше 90 минута кога Инсбрук изедначи на мечот со Гродиг на 3-3.
Повторно на виолетовите им беше потребен бод, за да излезат во Европа. Но ниту во 4-те дополнителни минути виолетовите не успеаа да го пронајдат патот кон мрежата и се збогуваа од европскиот фудбал наредната сезона.
Во фудбалска Европа, Австрија ќе има четири преставници. Салцбург ќе игра во квалификациите од Лигата на Шампиони, Рапид, Гродиг и Ст. Полтен во квалификациите од Лигата Европа.
Од денес официјално започнуваат пријавите за јубилејното десетто издание на еден од најголемите спортско-рекреативни настани во Македонија – „Охрид трчаТ“, кое ќе се одржи викендот 5-7 јуни, 2026 г...
Пред нас е една тешка недела, каде имаме два тешки натпревари Во среда ни доаѓа екипата на Алкалоид, квалитетна екипа која претендира да биде во врвот на македонскиот ракомет, изјави капитенот на Г...
Во среда, 12 ноември, официјално започнуваат пријавите за јубилејното десетто издание на еден од најголемите спортско-рекреативни настани во Македонија – „Охрид трчаТ“, кое ќе се одржи викендот 5-7...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.