Македонскиот интернационалец Александар Тодоровски по тешката повреда на средината од сезоната се врати во тимот на Штурм кој претпре пораз со 2-0 на гостувањето кај Рапид.
Зелено-белите победникот го решија во првите десет минути со головите на Хофман и Сонлејтер . Тимот на Тодоровски, доцна се “разбуди“ во финишот на мечот ја погодија и гредата но не успеа резултатски да се вратат во мечот. За Рапид ова беше четврта победа во низа, кој ги смести на втората позиција која води во Лигата Европа.
– По убедливата победа минатата недела (6-0 кај Гродиг) очекуваме позитивен резултат и во Виена. Но тоа не се случи, деконцентрирано влеговме во мечот и тоа не чинеше пораз. До крајот има уште неколку кола да се поправи местото на табелата и да стигнеме до четвртото место. Излезот во Европа ќе го бараме преку Купот , каде сме во полуфиналето – рече Тодровски.
Тодоровски кој се здоби со скршеница на ногата се врати во тимот на словенецот Дарко Миланич. Во четвртфиналето од купот “црно-белите“ од Грац гостуваат кај Адмира.
М.П.