Македонскиот интернационалец во дресот на Штурм, Александар Тодоровски заработи повреда на првенствниот меч против Адмира. Според првичните наоди на лекарскиот тим се работи за скршеница на ногата.

 

Тодоровски ќе го пропушти пријателскиот меч со Бугарија наредната среда. Тој во Штурм дојде во летниот преоден рок и беше еден од стандардните во тимот.