– Финансовата полиција заедно со УЈП влегоа во 4 фирми, кои се водат на истата адреса каде што е А1 телевизија, и ниту имал некој намера, барем зборувам за полицијата, да ја попречува работата на телевизијата, каде како што видовте студиото си работеше.-рече Тодоровски.
– Спречувањето не е само да дадете отпор, спречување е и да не давате, пасивно да се однесувате. Вие го слушнавте директорот на УЈП што рече, инспекторите нивни ја чекале директорката 5 саата да се врати од фризер. додаде Тодоровски.
Кој ги попречувал службените лица во извршување на контролата, Тодоровски посочи дека одговор треба да дадат инспекциските служби.