Дебитантот во македонскиот национален тим Дарко Тофилоски  со голем оптимизам го очекува првиот квалификациски дуел, против селекцијата на Словачка , посебено што настапува во редовите на словачкиот тим Кошице.

– Словаците се чувствуваат фаворити на овој дуел и очекуваат
продолжување на добрите игри од претходниот циклус квалификации и секако
СП во Ј. Африка, но како играч кој настапува во Словачка и запознавајќи
се со приликите тука убеден сум дека имаме квалитет и мудрост пред се
да ги изненадиме, но во ниеден момент не смееме да ги потцениме и да се
опуштиме , дури и први да го отвориме резултатот, бидејќи играат
агресивно, тактички одлично реагираат и доколку им се даде шанса знаат
да го „разбијат” противникот. Мислам дека имаат одредени слабости во
организацијата на играта и доколку во тој сегмент ги блокираме знаат да
ја „загубат” главата и можеме лесно да ги изненадиме – истакна Тофилоски

Тофилоски истакунува дека е среќен сум што добил повик во националниот тим и порача  дека нема да има проблем на голманските позиции иако сигурно недостига повредениот колега Пачовски, тој очекува тежок и неизвесен дуел.

Ohridnews