Индонезискиот бизнисмен, Ерик Тохир, го потпишал договорот со кој стана мнозински акционер во фудбалскиот клуб Интер, пренесува „Макфакс“. Тохир стана вториот странец кој е сопственик на клуб од Серија А. 

„Се е потпишано“, рекол претседателот на Интер, Масимо Морати. 

Тохир сега поседува 70 отсто од акциите на Интер, за кои платил сума од 350 милиони евра.

Првиот клуб во Серија А кој доби сопственици од странство стана Рома, во 2011 година, кога клубот од главниот град го презеде група на американски бизнисмени.

Тохир, делумно е сопственик и на фудбалскиот клуб ДЦ Јунајтед, како и на НФЛ тимот Филаделфија.

Она што во моментов не е јасно е дали Масимо Морати, кој е претседател на Интер од 1995 година, ќе остане на чело на клубот.

Интер во својата богата историја има освоено 18 титули во Серија А и три титули во Лигата на шампиони.

OhridNews
извор:„Макфакс“