Охриѓанецот Гоце Толески кој добар дел од својата фудбалска кариера мина во Чешка, ја фаворизира Шпанија, смета дека чесите имаат потенцијал да изненадат, а силната подршка од трибните ќе биде мотив плус за селекцијата на Билек.

Модерниот фудбал не трпи импровизации, и затоа во моментов Македонија е далеку од едно големо натпреварување, смета поранешниот македонски репрезентативец.

– Европскиот шампионт се очекува доста интересни натпреври, најголем фаворит за мене е Шпанија, како и традиционалните Германија, Франција, Италија. Денес сите репрезентации се отидени напред , и може секој секого да победи, “малите“ селекции како Данска, Чешка, Полска,  се многу напред и нема да биде воопшто изненадување до колку некоја од помалите репрезнтации триумфира на европската смотра. Последното такво изненадување беше селекцијта на Грција , која направи подвиг на кој никој воопшто не се надеваше – рече Толески.

Очекувањата на чешката јавност се големи, имаат извлечено поука од претходниот несупех во квалифкикациите за СП, кога цела една гарнитура ја напушти фудбалската федерација.

– Со некои фудбалери сум во контакт како Марек Сухи, играч на Спратк Mосква, имаат доста фубдбалери кои играат во чешкиот првак Плзен, и има позитивна атмосфера. По дебаклот кога не се пласираа на СП, целокупната  федерација од физиотерпавет па до претседател поднесе оставка сметајќи го тоа како неуспех. Под водство на новиот селектор Билек успеаа да се квалификуваат на ЕП каде нивните размислувања и очекувања се доста големи – објаснува Толески, кој како дел од екипата на Славија во 2008 година беше првак во лигата.


Репрезентативците очекуваат силна подршка од трибините, во земјата во која покрај фудбалот, хокејот е спорт број еден владее голема еуфорија во пресрет на мечевите.

-Има една голем еуфорија, на испраќањето за Полска, (чесите заминаа со воз) беа испратени како шампиони, доста подршка имаат и од домашните навивачи, што секако ќе биде плус и за нив. За нив спорт број еден е хокејот но кога станува забора за фудбалот, доста се страсни навивачи и секој пораз и секоја победа ја доживуваат на доста емотивен начин – истакна Толески.

Смената на генерации, ја преболеа многу лесно. Ги нема Колер, Јанкуловски …

– Не сакам да правам споредба со нас, но тие многу успешно преминаа преку таа смена. Имаат фудбалери кои играат на највисоко ниво Петр Чех, Росицки, а по нив следува една плејада на фудбалери кои се желни за докажување на европското првенство.

И покрај еуфоријата во земјата, светските обложувалници не им даваат многу шанса на Чешка да стане европски првак.

– Не се меѓу топ фаворитите,мислам дека тоа ќе биде плус за нив но верувајте дека  големите репрезентации не потценуваат никого, пример Германија доколку може 15 тогаш дека ке им даде 20 гола на своите противници. Мислам дека се доста самоуверени и тие знаат дека има на хартија многу посилни репрезентации, но најавуваат дека ќе одат на највисок можен пласман – вели Толески.

Желба на сите е да ја видиме Македонија на едно големо натпреварување. Почнувајќи од фудбалерите, па до новинарите и до целата јавност. Колку е тоа остварливо?
– Сите се надеваме дека еден ден може Македонија, да стигне на ЕП, и тоа е сон за секој еден фудбалер, за еден македонец. Секој еден кој се занимава со спорт по пририда е оптимист и се надева на пласман , но реално тоа во моементов не е достижно. Потребни се структурни промени, како на организациски така и на инфраструктурен план. Модерниот фудбал не трпи импровизиации. И секако за да се успее потребна ние стратегија во секој еден сегмент, која во моментов на жалост не ја гледам – завршува Толески.

М.П.