– Побарав да го раскинам договорот и да си заминам, но морам да го почекам Кенан Идризи да се врати од Јужна Африка. Иако дадов се од себе, сепак, не можев да се вклопам во средината и во тимот. Навистина не ми оди, поради тоа сакам да си заминам, мислам дека така ќе биде најдобро за сите, за мене, но и за Ренова – вели Толески во изјава за “Македонски Спорт“Толески по втор пат во својата кариера го носеше дресот на тетовските “сино – бели“ но овај вториот престој не беше за паметење. При првиот престој во 2006 година Гоце на 32 натпревари постигна 23 гола.












