Поранешниот фудбалски репрезентативец Гоце Толески во кафе барот “Кадмо“ редовно ги следи натпреварите на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство. Тој како и сите љубители на ракометот во Охрид со нетрпение го очекуваат новиот натпревар на селекцијата.


– Во “Кадмо“ сите безпоштедно навиваме за ракометна репрезентација, ние како нација сме гладни за успех. Со учество на вакви големи натпреварувања спортот во нашата држава ќе се искачи едно скалило погоре. Кошарката во Македонија беше импулсна капсула, потоа ракометот, а се надевам дека и фудбалот конечно ќе ги даде посакуваните резултати – истакна Гоце Толески.

Толески играше за многу клубови, постигнуваше значајни голови, но настапите за македонската фудбалска репрезентација се врвот во неговата кариера.

– Чест и задоволство е да се брани националниот дрес. Чувството при интонирањето на химната е неопишливо со зборови. На сите млади спортисти им посакувам еден ден да го облечат националниот дрес во било кој спорт и да ја почувстуваат таа магија – заврши Толески.

Мх.П.