Повремениот Македонски репрезентативец, Охриѓанцот Гоце Толески, ја одигра клучната улога во победата на тимот на Славија Прага на гостувањето кај Оломуц(1-3).
Со прецизен удар од 20 метри Толески во 20 мин го отвори резултатот. Пет минти подоцна по одличниот соло продор Гоце не себично го проиграл Јаролим за 2-0 предност.
Во 56 мин домашните го намалиле резултатот на 1-2. конечните 1-3 ги поставил Абрахам кој со погодок ја крунисал одличната акција на Толески и Шенкрик.











