Охриѓанецот Гоце Толески го одигра последниот пол час во поразот на Млада Болеслав на домашен терен од Словачко со 3-2. Толески доби шанса при резултат 1-2, не успеа да го спаси својот тим од првиот домашен пораз. По ова 15. коло Болеслав останува на 5. позиција со 16 бода заостанување зад лидерот Викторија Плзен.


Димитровски го одигра целиот меч во одбраната на “сино – белите“, додека младинскиот репрезентативец Несторовски ги одигра последните неколку минути во дресот на Словачко.

Во среда тимот на Толески и Димитровски го чека натпревар од купот против Соколов кој брани високи 3-0 од првиот натпревар.
М.П.