Џан Пиеро Гасперини не е повеќе тренер на “нероазурите“. Слабите резултати на Интер во континуитет и поразот од Новара во вондредното коло во Серија А  ја “прелија чашата“ кај првиот човек на Интер, Масимо Морати кој го отпушти Гасперини.


Гасперини на клупата на “нероазурите“ беше на пет натпревари од кои забележа четири порази и едно реми. Интер по одиграни три кола во “калчи лигата“ на 15-то место на табелата со само еден бод.

До замената на Гасперини екипата на Интер ќе ја водат помошниците Даниеле Бернацани и Џузепе Барези.

Мх.П.