Триесет и девет годишниот Томче Голабоски од Струга беше најсреќен меѓу стотиците верници кои денеска скокаа по светиот крст во студените води на реката Црн Дрим.

Како и на секој стружанец, најголема желба ни е да го фатиме крстот. Чувството е преубаво и посакувам секој да го осети, изјави Голабоски, нагласувајќи дека светиот крст носи среќа секоја година без разлика дали ќе го фатиш.

OhridNews











