Поранешниот фудбалер на Охрид 2004 и Охрид Лоте, Томче Речкоски е на проба во битолски Пелистер.


Речкоски веќе десетина дена тренира со „зелено белите“, а на дуелот со Спартак, кој се одигра во Охрид влезе во игра во вториот дел.


– Имаме неколку играчи кои се на проба и на сите ќе му пружам шанса во контролните натпревари. Всушност затоа и ги играме мечевите во подготвителниот период – рече тренерот на пелистерци, Ѓоко Хаџиевски.


Во редовите на Пелистер веќе има еден фудбалер по потекло од Охрид, а тоа е Љупче Трпески, кој премина од Вулкан.

Мх.П.