Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе победи на предвремените парламентарни избори, кога тие и да се одржат, смета пратеникот на оваа партија од Охрид, Томе Чингоски.

-Ракавицата беше фрлена и беа побарани избори многу поодамна и крајно време беше премиерот да прифати предвремени избори на кои СДСМ дефинитивно се враќа на власт во Македонија, изјави Чингоски.

Охридските социјалдемократи вчера еуфорично ја поздравија одлуката за предвремени парламентарни избори. Членови и симпатизери на СДСМ со партиски и државни знамиња и автомобили продефилираа низ охридските улици најавувајќи жешка политичка пролет.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, прифајќајќи ја понудата на власта за предвремени избори, потсети на барањата на најголемата опозициска партија, по чие исполнување таа е подготвена да се врати во Парламентот и да се подготват изборите.

OhridNews