Поради дефект на компјутерскиот томограф во охридската болница, пацинентите веќе еден месец се препраќаат во приватните ординации, каде снимањето со овој апарат чини 10 пати повеќе, пренесува „А1он“.
Како што изјавил за овој медиум директорот на охридката општа болница, Љубен Арнаудов, апаратот се расипал поради преоптовареност.
„Апаратот работеше регионално за потребите на здравствените установи во овој регион. Настана дефект со апаратот, но ние навремено ги повикавме овластените сервисери, кои дојдоја, видоа каква е ситуацијата и очекуваме во најкраток можен рок да се отстранат дефектите.“ – изјавил Арнаудов за порталот.
Инаку, компјутерскиот томограф во охридската болница неколку пати бил надвор од функција.
OhridNews