Бранителот на тројфеот на Мундијалот во Русија, Германија со погодокот на Тони Крос во петтата минута од судиското продолжени стигна до победата против Шведска (2-1) и избегна речиси сигурна елиминација во фазата по групи.

Реми воопшто не одеше во прилог на германците, бидејќи во последната рунда ќе се сретнат Шведска и Мексико кои со „договорено реми“ ќе имаа шанса да го елиминираат големиот гигант. Ваквото сценарио го поништи Крос кој со маестрален погодок од слободен удар донесе победа за голема радост на стадионот во Сочи.

„Викинзите“ во 32-та минута преку Ола Тоивонен го отворија резултатот и го фрлија на колена актуелниот светски шампион. Позитивни работи за германци најави Марко Ројс кој со мала доза на среќа постигна изедначувачку погодок во вторатата минута од второто полувреме.

Германија нападна со сите сили, а Шведска оддолеваше на сите напади. Во 82-та минута Жером Боатенг заработи втор жолт картон и го заврши натпреварот. Дефицит играчот на теренот не ги поколеба германците, за кои наградата стигна во последните мигови преку Крос кој погоди за победа од слободен удар.

Во последната рунда во Ф групата Германија ќе се сретне со Јужна Кореја, додека Шведска ќе ги одмери силите со Мексико.

OhridNews