Поранешниот кошаркар на Чикаго Булс, Тони Кукоч не успеа да влезе во Куќата на славните во НБА лигата, откако по седми пат не собра доволно гласови во финалниот избор. Еден од најдобрите европски кошаркари кој играл во САД не е разочаран, туку се прашува, кои и како ги бираат кошаркарите кои ќе бидат од славното минато. Годинава од НБА лигата место во Куќата на славните добија Коби Брајант, Кевин Гарнет и Тим Данкан.

Искрено, мене многу појќе ми важи играњето со Мајкл Џордан и освојувањето на титулите, отколку влегување во Куќата на славните. Треба да ги прашате луѓет кои одлучуваат, а јас сакам да ги кои се тие луѓе. Веројатно, не се знаат кои се бидејќи никогаш не се јавно претставени. Дали јас некогаш ќе влезам во Куќата на славните, стварно не знам. Дали сакам? Секако! Помина уште една години и ништо не се случи . – изјави Кукоч.

Кукоч во НБА се пресели од италијанскиот клуб Бенетен во 1993 година. Тој беше дел од составот на Чикаго кој освои три титули. Подоцна настапуваше за Филаделфија, Атланта и Милвоки, каде ја заврши кариерата.

Кога се зборува за мене се зборува во суперлативи и секогаш ме вбројуваат помеѓу најдобрите европски кошаркари со Дражен Петровиќ, Арвидас Сабонис и не можам да кажам дека не ми е криво. Но од друга страна не сакам да ја трошам енергијата на тие работи, каде што апсолутно немам потреба. Но, ако мои поранешни тренери, играчи и кошаркарски стручњаци говорат дека сум бил добар зошто тогаш зборуваме за Куќата на славните? Можеби тие не знаат што зборуваат. – рече легендата на ЈУ кошарката.

OhridNews