Арсенал во 1/8 финалето ги заврши натпреварите во Лигата на Шампиони, а непреминлива пречка беше никој друг туку Европскиот првак, Баерн Минхен. Но, шансите за пласман меѓу најдобрите осум на стариот континент „топчиите“ ги загубија уште на „Емирати“ кога претрпеа пораз 2-0.

Претходно во терминот на ФИФА кога се одиграа повеќе пријателски средби се повреди Џек Вилшер, а без нив двајца на теренот „топчиите“ не се ни бледа сенка на екипата која „газеше“ на почетокот од сезоната.
Мх.П.











