Манчестер Јунајтед остана во трка за титулата во Премиер Лигата, откако “црвените ѓаволи“ триумфираа на гостувањето кај Норвич со 2-1. Средбата помина во знакот на велшанецот Рајан Гигс кој го одигра 900-от натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед, крунисувајќи го со победнички погодок во судиското продолжение.


Избраниците на Сер Алекс Фергусон резултатот го отворија во седмата минута преку уште жива легенда на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс.  Манчестер Јунајтед одолеваше на нападите се до 86-та минута кога Холт го изедначи резултатот. По двете “зицер“ промашувања на Велбек, на сцена стапи Рајан Гигс кој го одржа Јунајтед во “живот“ за титулата.

“Лондонското“ дерби во 26-та рунда помеѓу Арсенал – Тотенхем, му припадна на домаќините со победувајќи 5-2. “Петлите“ по половина час игра имаа водство од 2-0, после тоа на теренот постоеше само една екипа, Арсенал. Сања намали на 2-1, Ван Перси изедначува на 2-2. Канонадата на голот од Фридел, продолжи во вториот дел, Росицки стрела за 3-2, а четрвтиот и петтиот погодок беа дело на “брзоногиот“ англичанец Тео Волкот.

Резултати : Норвич – Мен Ју 1-2, Арсенал – Тотенхем 5-2, Свонси – Стоук.

Табела : Мен Сити 63, Мен Ју 61, Тотенхем 53, Арсенал 46. . .