Во голеадата на Мадејски стадионот екипата на Арсенал во последниот натпревар од 17-та рунда во Премиер лигата го совладаа Ридинг со 5-2.


“Топчиите“ работеа на погон од Шпанскиот репрезентативец Санти Кацорла, кој постигна три од петте погодоци за Арсенал. По еднаш прецизни беа Волкот и Подолски. Головите за домаќините ги постигнаа Фондре и Кебе.

Трите бода од гостувањето во Ридинг го приближи Арсенал до 4-та место кое води во Лигата на Шампиони.

Мх.П.