Во 2011 ќе ни биде предизвик решавањето на проблемот околу затоплувањето на Центарот за култура, вели директорката Драгана Боцевска, коментирајќи на честите изјави на охриѓани дека преку зима не одат на кино затоа што салата не се загрева.


Свесни сме дека во текот на зимскиот период температурата во салата не е на задоволително ниво. За секоја претстава или проекција на филм парното го уклучуваме, но од економски причини тоа не може да работи постојано – во текот на 24 часа, иако само во тој случај би се постигнала температура која ќе овозможи пријатни услови во салата, вели Боцевска. Очигледно при градењето на ваков вид сали не се водело сметка за начинот на греење и трошоците кои би се правеле, пред се поради фактот што во Охрид немаме централно греење. Минатиот период го сменавме покривот, ставени се и клима уреди. За жал потребно е да се извршат уште зафати со кои би се создале подобри услови во интерес на посетителите. Наша заложба е тоа да го направиме во текот на идната година, потенцира Боцевска.

OhridNews