Времето викендов во Охрид ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Максималната дневна температура на охридското крајбрежје ќе достигне 29 степени Целзиусови.

Во јужните делови од земјата можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од североисточен правец. Индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8, информираат од УХМР Македонија.


Извор: УХМР Македонија

OhridNews