Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне под влијание на циклонска активност ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 30 степени.
Во среда не очекува значително потопло, но нестабилно време. Под влијание на циклонска активност ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Температурата во Охридскиот регион ќе достигне 35 степени.
Г.М.











